• вторник, 24 декември 2024

Работилници за основци во рамки на „Денови на европско Скопје 2023 година“

Работилници за основци во рамки на „Денови на европско Скопје 2023 година“

Скопје, 13 ноември 2023 (МИА) - Во рамки на манифестацијата „Денови на европско Скопје 2023“, во организација на Дирекцијата за култура и уметност на градот, по повод празникот 13 Ноември, Денот на слободување на Скопје, денеска ќе се одржат јазична работилница „Скопје, европска културна престолнина“  и интерактивна едукативна работилница „Минатото на Скопје се сеќава, а иднината на Скопје го запознава какво што некогаш било. За да го сака уште повеќе онакво какво што е сега“.

Јазичната работилница во Институтот за македонски јазик „Крста Мисирков“  е со  натпреварувачки карактер. Ќе учествуаваат ученици од ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Киро Глигоров“ и ООУ „Кирил и Методиј“, под менторство на м-р Маја Ѓорѓиевска, наставник по македонски јазик. 

На интерактивната едукативна работилница, во „Куршумли Ан“ во Старата скопска чаршија, како што најавуваат организаторите, учениците од ООУ „Гоце Делчев“, преку различни забавни и креативни активности - игри со временски капсули, пишување на стари писма, разгледби на Скопје пред земјотресот, ќе го видат градот со поинакви очи. Работилницата ќе ја води Александра Тодоровиќ, која во својата „Љубов голема колку Скопје“ и „Мистериозниот град под Калето“ веќе им го претстави градот преку авантура и љубовна приказна, стои во најавата. бд/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан