• вторник, 16 декември 2025

Пуштен во употреба спортско-рекреативен терен во Блок 70 во Тетово

Пуштен во употреба спортско-рекреативен терен во Блок 70 во Тетово

Тетово, 15 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Тетово Биљал Касами заедно со министерот за спорт Борко Ристовски официјално го пуштија во употреба реконструираниот спортски терен „Блок 70“. На ова место е поставен нов кош и нова подлога за кошаркарски терен, како и неколку видови справи за вежбање и клупи.

Градоначалникот на Тетово Касами истакна дека ова не е прв ваков спортско-рекреативен терен кој се изведува во соработка со Министерството за спорт.

-Дозволете ми во оваа овој случај да му искажам благодарам на министерот за спорт, кој значи е редовно присутен во Тетово со вакви инвестиции кои се многу важни за младината во Општина Тетово. Ова уште еднаш покажува дека на Македонија и било потребно и досега едно вакво министерство и се надеваме дека Мнистерството за спорт и во иднина ќе биде присутно во сите општини меѓу сите граѓаните, меѓу сите млади, затоа што во ова модерно време најмногу ни е потребно децата да се занимаваат со вакви спортско рекреативни активности, истакна Касами.

Ова е проект на Министерството за спорт, во рамки на програмата за изградба и обнова на спортската инфраструктура низ целата држава.

-Oна што е важно за нас е добрата соработка со сите општини, во овој случај со општина Тетово. Драго ми е што во Тетовo имаме почнати повеќе проекти, имаме направено неколку, овој е еден од тие. Меѓутоа, како што кажа и градоначалникот, продолжуваме понатаму заедно да создадеме што е можно повеќе вакви спортско рекреативни центри каде што младината ќе може да спортува, да се рекреира и да нашето општество сите заедно го градиме на база на вистински вредности кои што ги промовира спортот. Мислам дека сме на добар пат да направиме до крајот на годината уште неколку вакви рекреативно спортски терени на територија на цела Македонија, за сите оние кои што сакаат да рекреираат, спортуваат, да се дружат, рече министерот Борко Ристовски.

Во Блок 70 беше извршена демонтажа на стара опрема, потоа поставена бетонска подлога врз која е поставен полипропиленски под. Теренот е ограден, поставени се клупи, фитнес реквизити, кош конструкција со табла и обрач, со ввупна површина од околу 400 квадратни метри.ас/вј/

Фото: Министерство за спорт 

Остани поврзан