• среда, 27 ноември 2024

Психосоцијална поддршка на наставниците и студентите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје

Психосоцијална поддршка на наставниците и студентите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје
Скопје, 26 мај 2021 (МИА) - Во тек е проектот „Психосоцијална поддршка на наставниците и студентите од Филолошкиот факултет во услови на пандемија“, кој има за цел унапредување на психосоцијалната состојба на наставниците и студентите во време на пандемија. Како што соопшти Комисија за унапредување на наставата при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, проектот е под раководство на Лина Ќостарова-Унковска, стручњак по психологија на траума и основач на Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска и ја открива сложената слика од потреби, влијанија, можности и ограничувања во услови на континуирани кризи. - Во периодот од март до јуни 2021 година низ серија онлајн-работилници, со група од 16 наставници, а преку нив, посредно, и со бројни студенти, се лоцираат критичните точки на развојот и промените, со активно учество во зајакнувањето и (само)помошта во услови на пандемија, стои во соопштението. Резултатите од проектот ќе бидат соопштени на јавна презентација по неговото завршување. мд/скс/

Остани поврзан