• вторник, 18 март 2025

Мирен собир во Прилеп „Бараме одговори и одговорност“

Мирен собир во Прилеп „Бараме одговори и одговорност“

Прилеп, 18 март 2025 (МИА) - Под парола „Бараме одговори и одговорност“, напладне пред параклисот „Свети Никола“ во центарот на Прилеп се одржа мирен собир. Граѓани, средношколци, студенти со тага и молкум палеа свеќи пред параклисот во спомен на загинатите во огромната трагедија во Кочани. Беше отворена и книга на жалост.

Меѓу младите се појавија и транспаренти со кои ги изразуваа неспокојот, тагата и болката, меѓу кои: „Години на молк секогаш водат до една минута молк“.

Мирниот собир е најавено да  се одржува секојдневно напладне.ем/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан