ПСЖ не преговара со Роналдо
- Пари Сен Жермен ги демантираше гласините дека е во преговори со напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо.

Париз, 3 јануари 2025 (МИА) - Пари Сен Жермен ги демантираше гласините дека е во преговори со напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо.
Францускиот клуб не преговара за потпишување договор со 39-годишниот Португалец и покрај пишувањата во медиумите за интерес за португалскиот репрезентативец. Во ПСЖ нема такви дискусии, објавија тамошните медиуми.
Актуелниот договор на Роналдо со Ал-Наср е до јуни 2025 година. Оваа сезона тој постигна 16 гола и забележа три асистенции на 19 натпревари во сите натпреварувања.
Во декември, поранешниот играч на француската репрезентација и Манчестер Јунајтед, Патрис Евра изјави дека во 2018 година Роналдо можел да се пресели во ПСЖ, но завршил во Јувентус. зс/
Фото: ЕПА