ПСЖ го одби трансферот на играчот од средниот ред на Палмеирас, Риос
- Раководството на Пари Сен-Жермен повеќе не е заинтересирано за трансфер на играчот од средниот ред на Палмеирас, Ричард Риос, објави новинарот Артур Перо.

Париз, 23 јуни 2025 (МИА) – Раководството на Пари Сен-Жермен повеќе не е заинтересирано за трансфер на играчот од средниот ред на Палмеирас, Ричард Риос, објави новинарот Артур Перо.
Интересот на ПСЖ за 24-годишниот Колумбиец стана познат во 2024. Според „Антена 2“, сумата за трансфер можела да изнесува 20 милиони евра. Сепак, тогаш претседателот на Палмеирас јасно стави до знаење дека Риос не е на продажба. Следуваше понуда на парижаните тешка 30 милиони, но тоа не им одговараше на Бразилците.
Во сезоната 2025, Риос постигна четири гола и направи две асистенции на 32 натпревари за Палмеирас. Неговиот договор е до 31 декември 2028 година.
„Transfermarkt“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 16 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА