• петок, 05 декември 2025

Мбапе му донесе победа на Реал над Осасуна во почетното коло од Ла Лига

Мбапе му донесе победа на Реал над Осасуна во почетното коло од Ла Лига

Мадрид, 20 август 2025 (МИА) - Реал Мадрид синоќа ја победи Осасуна со 1:0 на домашен терен дома во првото коло од Ла Лига.

Стрелец на единствениот гол на беше Килијан Мбапе од пенал во 51. минута.

 На крајот од натпреварот, одбранбениот фудбалер на тимот од Памплона, Абел Бретонес, доби црвен картон.

Во второто коло од шпанското првенство, Реал Мадрид ќе игра на гости против Овиедо на 24 август. Осасуна ќе биде домаќин на Валенсија истиот ден. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан