• среда, 27 ноември 2024

Профитот на грчките енергетски компании е зголемен на речиси 600 милиони евра

Профитот на грчките енергетски компании е зголемен на речиси 600 милиони евра
Атина, 11 мај 2022 (МИА) – Зголемената бруто профитна маржа на грчките енергетски компании на пазарот на големо достигнува до 591,45 милиони евра, за периодот од октомври 2021 година до март 2022 година, според првичните податоците од Регулаторното тело за енергетика (РАЕ), соопшти Министерството за животна средина и енергија на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Кон крајот на март, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис откри дека од РАЕ побарал анализа на податоците и профитот на сите енергетски компании во земјата за да се проверат евентуални зголемени профити и најави дека на профитот би бил воведен вонреден данок од 90 отсто. Од Министерството за животна средина и енергија на Грција, денеска соопштија дека „преку конкретна научна методологија, РАЕ дојде до заклучок за дополнителните приходи на енергетските компании“ кои изнесуваат 591,45 милиони евра, а од кои е одбиени попустот од 335,99 милиони евра на грчката електродистрибуција ги за клиентите. -За крајното утврдување на висината на дополнителните приходи, од горенаведениот износ треба да се одбијат индиректните попусти што секој давател на услуги ги применил преку фиксните тарифи што ги нуди, а кои РАЕ ги одредува во опсег од пет до 20 отсто. По крајното утврдување, според сугестиите и податоците на РАЕ, Владата ќе пристапи кон воведување на вонредната такса од 90 отсто на конкретниот износ, соопштија од Министерството за животна средина и енергија на Грција. Додадоа дека средствата од вонредниот данок ќе помогнат во финансирањето на Националниот план за поддршка за справување со последиците од поскапувањето на електричната енергија. ср/сд/

Остани поврзан