• сабота, 21 декември 2024

Протест на Србите во Северна Митровица поради апсењето на политичарот Арсенијевиќ

Протест на Србите во Северна Митровица поради апсењето на политичарот Арсенијевиќ

Приштина, 10 октомври 2024 (МИА) – Пред полициската станица во Северна Митровица утрово почна протест поради апсењето и полициското приведување на лидерот на партијата на косовските Срби, Српска демократија, Александар Арсенијевиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тој вчера беше петтипат уапсен за нешто повеќе од два месеци, откако повторно со свирење, заедно со негови сопартијци, протестираше поради доаѓањето на локалните функционери Албанци на шеталиштето во Митровица.

Арсенијевиќ и претходно беше приведуван за слични дејствија, но веста е дека сега апсењето е извршено врз основа на директна наредба на обвинителот со обвинение за наводно малтретирање, а врз основа на најмалку две пријави од шефот на кабинетот на градоначалникот на Северна Митровица, Висар Сиља, пишува косовскиот портал на српски јазик КоССев.

Лидерот на СД, сега првпат не е ослободен, туку му е одреден 48-часовен притвор.

Тој од вчера е во притворското одделение во јужна Митровица, а активистите на неговата партија синоќа најавија протест и бараат итно ослободување. иа/ми/

Остани поврзан