• среда, 21 јануари 2026

Протест на ДЕМ на турско-сириската граница

Протест на ДЕМ на турско-сириската граница

Aнкара, 20 јануари 2026 (МИА) – Поддржувачите на турската прокурдска Партија за еднаквост и демократија на народите (ДЕМ) денеска протестираа на сириската граница, обвинувајќи ја привремената Влада во Дамаск за „масакр“ и предупредувајќи дека воените операции во регионот би можеле да го нарушат кревкиот мировен процес во Турција.

Заменик-претседателката на ДЕМ, Тулај Хатимогулари ја обвини Владата на привремениот сириски претседател Ахмед ал Шаара дека ги напаѓа Курдите и покрај прекинот на огнот.

Функционерите на ДЕМ предупредија да не се нарушува мировен процес во Турција со Курдската работничка партија (ПКК), која во март минатата година прогласи прекин на судирите со Турција

За Анкара, но и за САД, ПКК е терористичка организација. Курдската работничка партија е сојузничка на СДФ, кои имаат поддршка и од САД. Под контрола на СДФ се северните делови на Сирија.

Владата на Сирија и СДФ на 18 јануари се согласија на итен и сеопфатен прекин на огнот на сите фронтови по неколкудневните борби во кои владините сили напредуваа на територијата под контрола на Курдите. Но, еден ден по примирјето армијата и СДФ се судрија во близина на два затвора каде казна отслужуваат припадници на Исламска држава. Во североисточна Сирија има околу 15 затвори каде се затворени 9.000 борци на ИД, која во јуни 2014 година прогласи калифат во голем дел на Сирија. ми/сд/

фото: ДЕМ лого

 

Остани поврзан