• вторник, 24 декември 2024

Просечната нето плата во Хрватска за октомври е 1.178 евра

Просечната нето плата во Хрватска за октомври е 1.178 евра

Загреб, 20 декември 2023 (МИА) - Просечната нето плата во Хрватска за октомври изнесува 1.178 евра, што е зголемување за 14,6 отсто во номинално изразување и реално за 8,3 отсто на годишно ниво, објави хрватската новинска агенција Хина, повикувајќи се на податоци од националниот статистички институт.

На месечно ниво, просечното нето примање за октомври номинално порасна за 1,9 отсто, а реално за 1,4 отсто.
Највисоки просечни плати за октомври добиле оние кои работат во воздухопловниот транспорт (1.856 евра), а најниски - во текстилната индустријата (756 евра).

Просечната бруто-плата во Хрватска за октомври изнесува 1.630 евра и номинално е зголемена за 2,1 отсто и реална за 1,6 процент на месечно ниво и за 16,8 отсто номинално и за 10,4 проценти реално на годишно ниво.

Највисока просечна бруто-плата за октомври е во воздухопловниот транспорт (2.693 евра), а најниска во производството на облека (990 евра). ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан