• сабота, 23 ноември 2024

Промоција на сликовницата „Страшна ноќ“ од едицијата „Старо купувам“

Промоција на сликовницата „Страшна ноќ“ од едицијата „Старо купувам“

Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - Во Културно-информативниот центар - Скопје денеска ќе биде промовирана сликовницата „Страшна ноќ“ од Славко Јаневски и Наташа Андонова.

Антологискиот расказ „Страшна ноќ“ од Славко Јаневски, кој се смета за еден од најубавите раскази во македонската книжевност, е дел од едицијата „Старо купувам“ на издавачката куќа „Темплум“.

Расказот „Страшна ноќ“, со помош на извонредната ликовна техника на уметницата Наташа Андонова, се претвора во сликовница која го привлекува вниманието на младите читатели, но и на читателската публика од сите возрасти.

Идејата на оваа едиција, која вклучува домашни автори - поети, писатели, уметници и илустратори, е да се спојат старите и новите автори, како и старите, класични вредности, со новите, актуелни вредности. Постарите, делумно подзаборавени дела на значајни претставници на македонската книжевност, преку оваа едиција добиваат ново руво, осносно првпат овие текстови се објавени во вид на сликовници, визуелно поддржани од страна на најдобрите современи уметници и дизајнери, велат од „Темплум“.са/мд/

Остани поврзан