• среда, 04 декември 2024

Промоција на книгата „Црковните библиотеки во Охрид и охридско“ на авторката Мариче Богданова

Промоција на книгата „Црковните библиотеки во Охрид и охридско“ на авторката Мариче Богданова

Охрид, 3 декември 2024 (МИА) - Во рамки на одбележувањето на Денот на Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид, задутре ќе биде промовирана  книгата „Црковните библиотеки во Охрид и охридско“, на авторката Мариче Боздоганова.

Во текстот се опфатени неколку библиотеки од црквите од Охрид и охридско, како и книги кои се дел од богатата библиотека на Националната установа „Завод и Музеј – Охрид“.

Како што посочува самата авторка на книгата, целта е да се даде слика на културното книжевно наследство од XVIII и XIX век во Охрид и околината. 

Анализирана е староста, писмото, темите и стил на кој се пишувани, како и материјалот на кој се печатени – издадени книгите.

- Манастирите и црквите се првите универзитети на ракописната традиција од каде се црпат податоци за нашиот културен и историски идентитет. Охрид низ вековите претставувал главно културно-просветно жариште во Македонија. Во него факелот на културата и просветата го запалил Климент Охридски и неговите ученици и соработници кои ги создале првите книжевни фондови на македонските манастирски и црковни библиотеки, вели м-р Боздоганова. аб/лв/

фото/плакат

 

Остани поврзан