• сабота, 23 ноември 2024

Промоција на изданието на Државниот архив - „Нико Зупанич и Македонија во 1903 година“ од Виктор Габер

Промоција на изданието на Државниот архив - „Нико Зупанич и Македонија во 1903 година“ од Виктор Габер
Скопје, 19 септември 2022 (МИА) - Во НУ Музеј на македонската борба денеска ќе биде промовирано изданието на Државниот архив - „Нико Зупанич и Македонија во 1903 година“ од м-р Виктор Габер. Оваа студија претставува осврт на темата Македонија и Македонците во преодот од 19 и 20 век од страна на антропологот и етногеографот со словенечко потекло Нико Зупанич (1876 - 1961). Во неа се обработуваат аспекти на етнокултурниот супстрат на македонското население и развојот на македонското национално чувство во посочениот период. Како што е најавено, модератор на настанот е амбасадорот Огнен Малески, а ќе говорат директорот на Државниот архив, Емил Крстески, амбасадорот на Република Словенија во Скопје, Милан Предан и проф. д-р Ирена Стефоска. цр/ев/

Остани поврзан