• среда, 24 јули 2024

Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи

Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8 

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне
до 36 степени.

Според УХМР, до четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во четврток и петок кога ќе дува засилен северен ветер. мч/вг/

фото: МИА архива

Остани поврзан