Приведен осуденик кој избегал од затворот „Идризово“
- Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит-пазар при СВР Скопје денеска лишиле 46-годишник од Скопје, Џ.Ш., кој бил баран со потерница поради бегство од затворот „Идризово“.

Скопје, 23 јули 2023 (МИА) - Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит-пазар при СВР Скопје денеска лишиле 46-годишник од Скопје, Џ.Ш., кој бил баран со потерница поради бегство од затворот „Идризово“.
-Тој е осуден на казна затвор од една година за кривично дело по член 236 од КЗ, а за доиздржување има три месеци и 23 дена, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР наведува дека лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа. хс/дма/
Фото: МИА архива