• петок, 26 јули 2024

Променливо облачно со врнежи од дожд

Променливо облачно со врнежи од дожд
Скопје, 14 март 2020 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Утринската температура ќе се движиод два до девет степени, а дневната температура од 11 до 21 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до шест степени, а дневната температура до 16 степени. Во недела врнежите ќе бидат пообилни (над 20л/м2) и поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура од недела зачително ќе опадне. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.

Остани поврзан