• четврток, 26 декември 2024

Проект „Стоп за питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“ на Здружението Градиме иднина-Скопје

Проект „Стоп за питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“ на Здружението Градиме иднина-Скопје
29 март 2022  Почитувани, Во оваа прилика сакаме да ви се заблагодариме за досегашната несебична поддршка и ваше вклучување во реализацијата на Проектот „СТОП ЗА ПИТАЧЕЊЕ И ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦАТА И НИВНОТО ЗДРАВЈЕ„. Изразуваме огромна благодарност за помошта и поддршката од главните уредници, новинари и дописници. Како и до сега сметаме на вашата сесрдна поддршка на овој Проект. Заедно со вас и со нашите партнери Пивара АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, ПЗУ Филип Втори, ЈСП Скопје и Македонски Железници Транспорт го трасиравме патот на успехот на Проектот „СТОП ЗА ПИТАЧЕЊЕ И ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦАТА И НИВНОТО ЗДРАВЈЕ„ и се надеваме дека сите заедно ќе го довршиме и ќе ја постигнеме целта, а тоа е целосно искоренување на злоупотребата на децата за питачење, вклучување на децата предмет на злоупотреба во системот на образование и нега на деца како и работа со родителите со цел оттргнување од оваа девијантна појава. Искажуваме огромна благодарност на сите медиумски куќи, главни уредници, новинари, дописници од цела Македонија и сите електронски и печатени медиуми кои не поддржуваат во цела Македонија каде нашите претставници гостуваат на утрински емисии и програми за поддршката на работата на нашето Здружение. Сакаме да ве информираме дека Проектот се спроведува од седум мобилни екипи во град Скопје и хумани волонтери во градовите Куманово, Велес, Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Кичево, Гевгелија, Гостивар, Тетово, Кавадарци, Неготино, Штип, Кочани. Делчево добивме информација дека најголем број има питачење. Од Гевгелија добивме информации дека од Велес и Струмица носеле деца питачи да питачат во Гевгелија каде е најмногу зголемено питачењето и истите ги враќале назад во градовите од каде се земени. Кичево и Скопје по нашите апели преку медиумите, нашето Здружение бараше МВР акција да спроведе со МТСП и сите центри за социјални работи за да ги отстранат и тргнат питачите, а злоупотребувачите баравме да одговараат кривично, да им се одземе родителското право и децата да им се одземат и да се сместат во згрижувачки семејства, а токму тоа МВР го направи и ОЈО Скопје и Струга по наше писмено барање. Во оваа прилика сакаме да се заблагодариме на ПИВАРА АД СКОПЈЕ, ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ, ОЈО Скопје и Основниот јавен обвинител Г-дин Гаврил Бубевски, Командирот на ПС Центар Љупчо Ѓурчевски и Министерката за одбрана Славјанка Петровска. До сега одлична соработка имаме со ОЈО Скопје, ПС Центар и Министерката за одбрана. Од досегашното искуство нашите волонтери лично на своја одговорност патролираат по улици и булевари и ги чекаат питачите родители и децата нивни кои се злоупотребувани и им се обраќаат со барање да си заминат и да не питачат, а каде што е потребно им се закануваат дека ќе повикаат полиција, алфи инспектори и социјални служби да ги приведат, да ги евидентираат. На моменти волонтерите го ризикуваат сопствениот живот при отстранувањето на питачи од семафори и булевари, при што во неколку наврати успеаја да ги избркаат од семафори кај МИДА, Влае, Треска, Капиштец, Нова Македонија, Тафталиџе-Веро, Мавровка, МПЦ каде пак успеавме преку ден да ги избркаме питачите но истите тие сега питачат во вечерните часови, при што ја повикуваме полицијата од ПС Центар. Локации кои ги следиме постојано се и кај општина Бутел и Скопска чаршија. Во контекст на сето погоре изнесено, бараме да продолжите со вашата несебична и сесрдна поддршка на Здружението и на Проектот „СТОП ЗА ПИТАЧЕЊЕ И ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦАТА И НИВНОТО ЗДРАВЈЕ„ со организирање на гостувања, присуство на прес конференции и интервјуа за поддршка и реализација на овој Проект. Со овој Проект сакаме да се стави крај на питачењето и злоупотребата на децата и нивното нарушено здравје. Нашата работа не престанува. Ние продолжуваме заедно со Вас, хуманите граѓани и компании, секојдневно да им помагаме на овие семејства и луѓе и да ги водиме битките кои тие не можат сами за себе да ги водат. Придружете ни се заедно да ГРАДИМЕ ИДНИНА за социјалните ранливи и маргинализирани категории. Со почит и благодарност, Илија Јовановиќ, Претседател на Здружението ГРАДИМЕ ИДНИНА СКОПЈЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан