При претрес во куќа во Кочани, пронајдени пиштол и марихуана, приведено едно лице
- Полициски службеници од СВР Штип - Надворешна канцеларија за крининалистички работи - Кочани при претрес во семејна куќа во Кочани, извршен со судска наредба, пронашла и одзела пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65 мм, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

Кочани, 29 јули 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Штип - Надворешна канцеларија за крининалистички работи - Кочани при претрес во семејна куќа во Кочани, извршен со судска наредба, пронашла и одзела пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65 мм, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
Поради ова од слобода е лишено лицето К.И.(36), Кочани, во чиј куќа се пронајдени наведените предмети. Настанот се случил на 28 овој месец во 15 часот, информира МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.ис/лв/
фото: МВР