• среда, 11 септември 2024

При претрес во Кавадарци пронајдена дрога, приведени две скопјанки

При претрес во Кавадарци пронајдена дрога, приведени две скопјанки
Скопје, 18 јули 2021 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци вчера ги лишиле од слобода С.Т.(27) и А.Т.(24), двете од Скопје, осомничени за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. - По добиена наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Кавадарци, извршен е претрес во дом и помошни простории во Кавадарци, каде двете лица престојуваат, при што се пронајдени и одземени таблети „екстази“,  марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага, соопштија денеска од МВР. Лицата се приведени во ОВР Кавадарци, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен пријава по член 215 од Кривичниот законик. цр/хс/

Остани поврзан