• понеделник, 23 декември 2024

Прилепски Комуналец чисти нови диви депонии кон Селец и манастирот „Свети Димитрија“

Прилепски Комуналец чисти нови диви депонии кон Селец и манастирот „Свети Димитрија“

Прилеп, 8 ноември 2024 (МИА) - Прилепски „Комуналец“ со голема акција ги чисти депониите околу патот за селото Селце и кон манастирот „Свети Димитрија“. Од јавното комунално претпријатие се загрижени зашто станува збор за нови жаришта на диви депонии.

-Несовесни граѓани создаваат диви депонии загадувајќи ја животната средина и овие нови жаришта загрижуваат зашто пределот кај селото Селце и патот кон манастирот „Свети Димитрија“ граѓаните често го користат за прошетки, излети и посета на Манастирот. Апелираме да престане расафрлањето на отпад и градежен шут, доволно е граѓаните да нѐ побараат и да пријават, велат од ЈКП „Комуналец“ од Прилеп.

Комуналците со градежна механизација и траспортни товарни возила ги исчистија сите поголеми и помали диви депонии на оваа локација, но останува стравот од несовесноста.

Инаку, покрај неделното отстанување на отпадот од домовите, „Комуналец“ има на располагање контејнери од по 5 метри кубни зафатнина за градежен шут и друг габаритен отпад како и трактори. Цената за најмување контејнер е 1360, а за трактор 620 денари. ем/сст/

Фото извор „Комуналец“-Прилеп

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан