• петок, 27 декември 2024

Приведен 27-годишник од Крива Паланка осомничен за убиство

Приведен 27-годишник од Крива Паланка осомничен за убиство

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) - Припадници на Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал, во содејство со СВР Куманово - ОВР Крива Паланка, вчера го лишиле од слобода С.Д. (27) од Крива Паланка. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „убиство“ врз М.Д., на возраст од 76 години од Крива Паланка, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

На 21 ноември, по извршена обдукција на телото на М.Д., кој бил пронајден починат во својот дом на 20 ноември, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје било констатирано дека станува збор за насилна смрт. Веднаш биле преземени комплексни оперативно-тактички мерки и активности за расчистување на случајот.

- Притоа, извршени се претреси во дом и други простории, разговори со повеќе лица, обезбедени се материјални докази, а осомничениот е пронајден и приведен во полициска станица, каде во службен разговор, тој во целост го појаснил извршеното тешко кривично дело, се додава во соопштението.

За случајот поднесена е кривична пријава по брза постапка, која е доставена до ОЈО Куманово и С.Д. е изведен пред Основен суд Куманово. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан