• понеделник, 22 јули 2024

Приведен криумчар на мигранти за издржување четиригодишна затворска казна

Приведен криумчар на мигранти за издржување четиригодишна затворска казна
Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) - На бул.„Илинден“ во Скопје денеска во 12.15 часот од слобода е лишен З.В.(56) од Скопје. Тој бил баран по распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик. Од МВР информираа дека лицето ќе биде предадено на надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната. цр/

Остани поврзан