Приведен крадец во Радовиш
- Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш вчера во 15:10 часот во Радовиш го лишиле од слобода Б.А.(39) од Струмица. Тој бил баран со потерница за доиздржување на затворска казна од 6 месеци, за сторени кривични дела „тешка кражба“.

Скопје, 14 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш вчера во 15:10 часот во Радовиш го лишиле од слобода Б.А.(39) од Струмица. Тој бил баран со потерница за доиздржување на затворска казна од 6 месеци, за сторени кривични дела „тешка кражба“.
Како што информира МВР, во службениот разговор извршен со него, Б.А. признал дека во јули и септември на подрачје на Радовиш извршил три кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „разбојничка кражба“. Кај него биле пронајдени пари и предмети кои ги одзел при извршените кривични дела и ќе бидат вратени на сопствениците.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а лицето било предадено во Затвор Штип за доиздржување на затворската казна. По целосно документирање на случајот против Б.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.вј/лв/
Фото: МИА архива