• вторник, 01 октомври 2024

Приведен крадец во Куманово

Приведен крадец во Куманово

Скопје, 1 септември 2024 (МИА) - Приведен е кумановец кој се сомничи дека извршил кражба при што одзел повеќе делови од автомобили. 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 44-годишниот кумановец У. Ф. е приведен ноќеска во 03:30 часот и дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

- Тој се сомничи дека ноќта помеѓу 30.08. и 31.08.2024  од дворно место на ул.„Никола Тесла“, сопственост на Б.А.(26) од Куманово, одзел повеќе делови за автомобили. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица, велат од МВР. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан