• вторник, 24 декември 2024

Приведен жител на Љубин поради уцена со компромитирачки материјали

Приведен жител на Љубин поради уцена со компромитирачки материјали
Скопје, 28 април 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за насилен криминал денеска околу 12 часот, го лишиле од слобода А.А.(25) од село Љубин, Скопје поради тоа што уценувал скопјанец со објавување компромитирачки материјали доколку не му даде пари. Откако му биле побарани пари, оштетениот го пријавил случајот во полициска станица, информираат од Министерството за внатрешни работи.Дополнуваат дека во соработка со јавен обвинител, парите биле крим-технички обработени и му биле дадени на оштетениот за да му ги даде на уценувачот. - Веднаш откако ги земал парите, А.А. е приведен од страна на полициските службеници и парите се пронајдени кај него, а по целосно документирање на случајот до Основното јавно обвинителство, против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член 259 од Кривичниот законик, стои во соопштението од МВР. ар/нд/

Остани поврзан