• понеделник, 16 декември 2024

Приведен демиркапиец по пријава дека се заканувал со остар предмет на поранешната сопруга 

Приведен демиркапиец по пријава дека се заканувал со остар предмет на поранешната сопруга 

Неготино, 9 декември 2024 (МИА) - Демиркапиец бил приведен рано утрово по пријава дека се заканувал со остар предмет на поранешната сопруга, информираат од СВР Велес.  

- Изутринава во 02.50 часот, полициски лужбеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода демиркапиецот Ѓ.Д.(46), постапувајќи по пријава од неговата 39-годишна поранешна сопруга од Демир Капија, дека пред нејзиниот дом ѝ се заканувал со остар предмет. Предметот бил одземен, а при преглед кај него била пронајдена и одземена растителна материја. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од СВР Велес.

Подоцна, утрово во 04.00 часот на кавадаречкиот градски плоштад, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле Ѓ.Ѓ.(25) и М.А.(21), двајцата од Росоман и А.Н.(23) од Кавадарци, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Како што појаснија од СВР Велес, по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. свд/лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан