• вторник, 04 февруари 2025

Приведено лице од Кочанско за предизвикување пожар

Приведено лице од Кочанско за предизвикување пожар

Скопје, 4 февруари 2025 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Кочани ноќеска го привеле Г.Г.(64) од с.Жиганци, општина Чешиново – Облешево. Тој се сомничи дека синоќа околу 23:45 часот предизвикал пожар во нива на стариот пат Штип - Кочани во близина на село Кучичино, општина Чешиново – Облешево, соопшти МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Лицето било задржано во Полициската станица Кочани и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријва по член 288 од Кривичниот законик. са/

Фото: 

Остани поврзан