Приведено лице од кавадаречко поради управување возило под дејство на алкохол
- Педесет и четитигодишен жител од кавадаречкото село Возарци е приведен поради управување возило под дејство на алкохол со кое вчера излетал од регионалниот пат Кавадарци - Дреново.

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Педесет и четиригодишен жител од кавадаречкото село Возарци е приведен поради управување возило под дејство на алкохол со кое вчера излетал од регионалниот пат Кавадарци - Дреново.
Како што соопшти денеска МВР, вчера во 18.05 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци - Дреново, патничко возило „фиат стило“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(54) од село Возарци, кавадаречко, излетало од патот.
- Повредени лица нема, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци при што било констатирано дека Б.И. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта, информираат од МВР.
Возачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена пријава по член 297а – „безобѕирно управување со моторно возило“ од Кривичниот законик. дма/ац/
Фото: МИА архива