• четврток, 24 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мицкоски по повод 104 г. од смртта на револуционерот: Ѓорче беше државник пред да постои држава

Мицкоски по повод 104 г. од смртта на револуционерот:  Ѓорче беше државник пред да постои држава

Скопје, 27 јуни 2025 (МИА) Ѓорче беше државник пред да постои држава, порача премиерот Христијан Мицкоски во денешниот говор по повод 104 години од смртта на Ѓорче Петров, кого го цитираше: „Нашето движење е народно, без разлика на вера и народност, а стремежот е кон автономија, кон самостојност и достоинствен живот“.

-Оваа реченица може да се најде и во нашата програмска визија. Не да изградиме држава која не дели, туку која не обединува, држава на сите, држава со иднина. И токму затоа денес со гордост ги градиме темелите на промените. Тие темели не се само камен и бетон, тие се правда, надеж, институции, систем што работи за народот. Се менува секојдневието, се менува начинот на владеење. И како што рековме и пред народот и пред историјата, доаѓа времето на Македонија, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека Ѓорче Петров веруваше дека борбата не е само за територија, туку за училишта, за граѓански права, за пишување книги, за свест, за достоинство.

 

Остани поврзан