• вторник, 24 декември 2024

Приведени седум лица во Велес кај кои била пронајдена дрога

Приведени седум лица во Велес кај кои била пронајдена дрога

Скопје, 3 септември 2023 (МИА) - Седум лица се лишени од слобода во Велес, бидејќи кај нив биле пронајдени различни видови дрога, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.

- Во периодот од 22 до 01.30 часот утринава на место викано „Бабуна“, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, лишиле од слобода седум лица затоа што кај нив биле пронајдени различни видови дрога. Имено, полициските службеници постапувајќи по претходно изготвен план за „Безбедно лето 2023“ и на местото, каде што се одржувала забава, извршиле контрола на повеќе лица и возила, се појаснува во денешното соопштение од МВР.

Во 22 часот се приведени 19-годишната А.М. од тетовското село Теарце, А.Т., на возраст од 20 години од Прилеп и Д.Т., исто така на 20-годишна возраст од Тетово.  кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и таблети екстази. 

Во 22:45 часот од слобода биле лишени И.Г., на возраст од 29 години и Ј.А., на возраст од 20 години, двајцата од Велес, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.

Во 01.30 часот од слобода биле лишени Р.С., на возраст од 30 години и 32-годишната С.С., двајцата од Скопје, затоа што при преглед во возилото во кое се превезувале, биле пронајдени одземени марихуана и амфетамин.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. бд/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан