Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога
- Во Штип синоќа во 21.00 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија на дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.П.(36) и К.П.(32), двајцата од Штип.
Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Во Штип синоќа во 21.00 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија на дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.П.(36) и К.П.(32), двајцата од Штип.
Како што денеска информираа од МВР, при претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок. цр/ац/
Фото: МИА архива