Претставници од Амбасадата на САД во посета на Бигорски манастир
- Во посета на Свештената бигорска обител денеска беа претставници од Амбасадата на САД во земјава, Зеус Севила и Митко Бурчевски.

Дебар, 31 јануари 2025 (МИА) - Во посета на Свештената бигорска обител денеска беа претставници од Амбасадата на САД во земјава, Зеус Севила и Митко Бурчевски.
-Гостите имаа официјален прием кај игуменот на манастирот, неговото преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, во присуство на архимандритите Доситеј и Кирил, информираа од Бигорски манастир.
На средбата, се посочува, било разговарано за актуелните состојби во манастирот, манастирскиот живот и неговото значење како духовен и културен центар.
Ценетите гости се запознале со дел од историјата на Обителта и нејзината улога во духовниот живот на регионот. вт/вг/
Фото: Бигорски манастир