• недела, 28 јули 2024

Претставата „Орфеј“ вечер на МТФ Скупифестивал

Претставата „Орфеј“ вечер на МТФ Скупифестивал

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) - Во Албанскиот театар во Скопје вечер за време на затворањето на МТФ Скупифестивал ќе се одржи  претставата „Орфеј” на Народен театар Иван Вазов од Софија. Драматург на претставата е Матиќ Старина, а режисер е Јернеи Лоренци.

Во главните улоги играат Александра Василева, Гергана Змичарова, Билјана Петринска, Радена Валканова, Ева Данаилова, Василена Винченцо/Надја Керанова, Јорета Николова, Владимир Пенев, Валентин Ганев, Дејан Донков, Стелијан Радев, Ненчо Костов, Дарин Ангелов, Димитар Николов.

-Во основата на идејата за претставата лежи античкиот мит за Орфеј и Евридика. Тој е одново замислен и создаден преку модерните рефлекси и сетила на човештвото, кои се соочуваат со бројни егзистенцијални проблеми: војната како постојана состојба на човештвото. Состојба која го мобилизира човештвото, но ја растура неговата креативна енергија; заборавот и (себе)измамите, на кои доброволно паѓаме во обид да избегаме од вистината; осаменоста на креативните луѓе како привилегија која сами си ја создаваме и бараме; силата на љубовта во нејзините метафизички и мистични облици. Зошто Орфеј се спушта во подземниот свет? Каде всушност се спушта – во пеколот, меѓу луѓето, кај Евридика или кај сопствените стравови и илузии? Зошто го крши пророштвото, зошто ќе се сврти да ја види Евридика знаејќи добро дека тоа ќе биде неговата пропаст, се вели во соопштението на Скупифестивал.

Словенечкиот режисер Јернеј Лоренци е и добитник на Европската награда за театар „Премио“ за 2017 година. 

Инаку, во рамките на Скупифестивал, синоќа се одржа преставата „Трамвајот наречен желба” од авторот Тенеси Вилијамс од Сараевски Воен Театар.

Скупифестивал има натпреварувачки карактер, при што ќе се додели наградата за најдобрa претстава на фестивалот.  Годинава, за ова награда ќе одлучи тричленото жири составено од Теја Шугарева, режисерка од Бугарија, Снежана Конеска Руси, актерка и Вјољца Бектеши Хамити, актерка.бт/са/

Фото/ Скупифестивал

Остани поврзан