• сабота, 23 ноември 2024

Претседателот Рамафоса го објави својот нов 32-ресорски кабинет, со 12 министерства за јужноафриканската опозиција

Претседателот Рамафоса го објави својот нов 32-ресорски кабинет, со 12 министерства за јужноафриканската опозиција

Јоханесбург, 1 јули 2024 (МИА) - Јужноафриканскиот претседател, Сирил Рамафоса, денеска го објави својот нов 32-член кабинет и го потврди доделувањето на 12 министерски места за опозициските партии, јави ДПА.

-Најголемата опозициска партија, Демократскиот сојуз (ДА) ќе има шест места, а нејзиниот лидер, Џон Стинхуизен, ќе раководи со Министерството за земјоделство, рече Рамапоса.

Африканскиот национален конгрес (АНЦ) на претседателот го задржува поголемиот дел од позициите во кабинетот. Ќе има 20 министерства, вклучувајќи ги клучните министерства како што се надворешни работи, одбрана, енергија и финансии.

Со вкупно 32 министерства, кабинетот е за две места поголем од претходните години.

Новата влада е составена од 11 партии кои се очекува да ја водат земјата под влада на национално единство.

АНЦ на Рамафоса на изборите на 29 мај го загуби апсолутното мнозинство, првпат во 30 години парламентаризам, и повеќе не може да владее сама.

Новата влада планира да даде приоритет на економскиот раст, социјалната правда и демократската обнова на земјата. Борбата против сиромаштијата, невработеноста и криминалот е исто така приоритет, како и справувањето со корупцијата и државната експлоатација.

Новото владејачко мнозинство беше формирано без да бидат потпишани конкретни коалициски договори.

Јужноафриканската Република добива се поголемо значење на меѓународно ниво поради својата позиција на континент што е богат со резерви на суровини неопходни за премин кон зелената енергија, посочува ДПА.сд/

Остани поврзан