Претседателот на Собранието Гаши и пратениците Сали и Коџаџику положија цвеќе на споменикот на Скендербег во Скопје
- Претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со пратениците Беким Сали и Мерита Колчи Коџаџику, денеска по повод 557-годишнината од смртта на народниот херој на Албанците - Скендербег, положија свежо цвеќе на споменикот на Скендербег во Скопје.
Скопје, 17 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со пратениците Беким Сали и Мерита Колчи Коџаџику, денеска по повод 557-годишнината од смртта на народниот херој на Албанците - Скендербег, положија свежо цвеќе на споменикот на Скендербег во Скопје.
- На настанот со своето присуство нè почести амбасадорот на Албанија, Денион Меидани и амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја. Ликот на Скендербег, Гаши го опиша како симбол на единство и национална гордост, нагласувајќи дека е национална должност да се зачуваат неговите вредности и наследство, соопшти собраниската прес-служба. цр/аа/
Фото: Собрание на РСМ