Собранието ги усвои измените на Законот за јавниот долг, според опозицијата целта е само да се стигнат роковите за унгарскиот кредит
- Собранието вечерва во рамки на 30. седница со 60 гласа „за“ и девет „против“, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, по скратена постапка. Според пратениците од СДСМ, овој Закон се носи по скратена постапка само за да се стигнат роковите кои што ги предвидува унгарскиот кредит, и се на ставот дека за ваквите закони е потребна многу поголема дебата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека унгарскиот кредит е пример како Влада која се грижи за граѓаните, постигнува договор со некоја држава.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.