• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на Израел порача дека неговата земја не сака војна

Претседателот на Израел порача дека неговата земја не сака војна

Ерусалим, 20 септември 2024 (МИА) - Израелскиот претседател Исак Херцог денеска изјави дека неговата земја не сака војна, но има право да живее во безбедност и спокојство.

„Ние не ја сакавме таа војна, ниту денес, ниту некогаш. Но, имаме право да живееме како секој друг народ во мир, безбедност и спокојство и да ги вратиме нашите синови и ќерки дома, да се вратат заложниците кај своите семејства и раселените граѓани од север и југ во нивните домови, училишта и работни места“, напиша Херцог на платформата Икс.

Тој оцени дека нападите на израелските воздухопловни сили на југот на Либан синоќа биле „прецизни и импресивни“ и додаде дека Израел ја потврдува својата решеност да победи пред теророт.

Израелската армија синоќа апелираше до жителите на неколку места на северот на земјата да преземат дополнителни безбедносни мерки бидејќи расте загриженоста поради засилувањето на прекуграничните конфликти меѓу Израел и либанскиот екстремистички Хезболах.

Во тоа соопштение е побарано од жителите на Сафед и другите подрачја да го ограничат движењето, да избегнуваат собири и да бидат во близина на заштитени подрачја. паг/

Фото: ЕПА
  
 

 

Остани поврзан