• среда, 25 декември 2024

Претседателите на стопанските комори на С Македонија и на Србија во контрола на граничните премини

Претседателите на стопанските комори на С Македонија и на Србија во контрола на граничните премини
Скопје, 21 март 2022 (МИА) - Претседателите на стопанските комори на Северна Македонија и на Србија, Бранко Азески и Марко Чадеж, на 29 март ќе ги посетат граничните премини Прешево - Табановце (Србија - Северна Македонија) и Ќафасан - Ќафе Тане (Северна Македонија - Албанија) за да извршат увид како функционира регионалната иницијатива „Отворен Балкан“. На денешната средба во Стопанската комора на Србија, Чадеж и Азески го поздравија поставувањето на таблата „Отворен Балкан“ на граничниот премин Прешево-Табановце, која на компаниите кои имаат систем за овластување ОЕО им овозможува побрз транспорт и премин без одлагање. Како што информираат од Стопанската комора на Македонија, Чадеж и Азески се согласиле дека целта на иницијативата „Отворен Балкан“ е да се забрза протокот на стоки и да се создаде единствен пазар на труд, што ќе создаде подобри деловни услови и ќе придонесе за поголем економски развој и подобар животен стандард. На средбата тие посочиле дека билатералната соработка меѓу двете земји и двете комори, како и регионалната соработка во рамките на „Отворениот Балкан“ и Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (КИФ ЗБ 6), е најдобриот начин да се заштитат нашите економии од глобалната криза предизвикана од ситуацијата во Украина. Иницијативата за поинтензивна соработка на Западен Балкан во 2019 година ја покренаа тројца лидери - српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Северна Македонија Еди Рама и Зоран Заев со цел слободно движење на стоки, услуги, луѓе и капитал. според моделот на ЕУ. Иницијативата покрената под името „Мини Шенген“ е преименувана во „Отворен Балкан“ и отворена е покана за сите во регионот да ѝ се придружат. Од Комората велат дека по обиколката на преминот, претседателите Чадеж и Азески ќе се сретнат и со бизнисмени од Србија и Северна Македонија. ар/сп/

Остани поврзан