• среда, 24 јули 2024

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени две лица         

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени две лица         

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје - Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и преземени оперативно тактички мерки, вчера во Скопје лишиле од слобода две лица, Ц.Д. од Скопје и Т.А. од Битола, кои се затекнати при купопродажба на околу 500 грама  марихуана.

Како што соопшти МВР, по извршена консултација со јавен обвинител  и обезбедена наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом кај Ц.Д во Скопје, при што е пронајдена тегла со марихуана, празни тегли со остатоци од марихуана и дигитална вага.

-Лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица и против нив по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка, велат од МВР. дма/ев/

Фото:МВР

Остани поврзан