• понеделник, 23 декември 2024

Претрес во Охрид, пронајдена дрога

Претрес во Охрид, пронајдена дрога

Охрид, 23 мај 2024 (МИА) – Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР - Охрид синоќа во 21:20 часот го лишиле од слобода А.М.(29) од Куманово.

Според полициското соопштение, при претрес на станот во Охрид што приведениот го користел за времено сместување биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грендер и дигитална вага.

Од СВР – Охрид посочуваат дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. аб/аа/

фото/МИА

Остани поврзан