• петок, 26 јули 2024

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, приведен дилер

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, приведен дилер

Скопје, 6 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кочани синоќа го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Кочани, затоа што при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и пари.

Како што информираат од МВР, по целосно расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. бт/ев/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан