• петок, 26 јули 2024

МВР: Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведен дилер

МВР: Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведен дилер

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Велешката полиција вчера во 14.25 часот го лишила од слобода А.Т.(26) од Велес.  При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, семки од канабис, растение канабис сатива, дигитална вага и пари во различни валути и апоени.

Како што информираат денеска од МВР, А.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и против него е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. сст/ев/

фото МИА архива

 


 
 

Остани поврзан