• вторник, 23 јули 2024

Претрес во Битола, приведен дилер на дрога

Претрес во Битола, приведен дилер на дрога

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Во Битола денеска полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Т.(37) од Битола.

Како што соопштија од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, халуциногени печурки и предмети со остатоци од прашкаста материја.

А.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан