• вторник, 17 декември 2024

Убиство во Гостиварско, застрелан жител на Дебреше 

Убиство во Гостиварско, застрелан жител на Дебреше 

Гостивар, 23 јули 2024 (МИА) - Помлад жител на гостиварското село Дебреше попладнево бил застрелан од огнено оружје и починал од здобиените повреди. Од СВР Тетово потврдија дека кај нив има таква пријава и полициски службеници се на терен и според првичните сознанија, станува збор за убиство.

За случајот ќе има повеќе информации откако ќе завршат увидот и прибирањето на траги и материјали кои треба да помогнат во расветлување на настанот. згм/ев/

ФОТО: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан