Прекинато водоснабдување за корисници од улиците „Бањалучка“ и „Женевска“ во Карпош
- Екипи на ЈП Водовод и канализација-Скопје утрово ќе го санираат дефектот поради кој корисниците на улицата „Бањалучка“ и дел од улицата „Женевска“ во општина Карпош од 1 часот по полноќ немаат вода.

Скопје, 31 декември 2024 (МИА) - Екипи на ЈП Водовод и канализација-Скопје утрово ќе го санираат дефектот поради кој корисниците на улицата „Бањалучка“ и дел од улицата „Женевска“ во општина Карпош од 1 часот по полноќ немаат вода.
Од ЈП Водовод и канализација известија дека прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект ф 100 мм на ул. „Бањалучка“ бр.24. хс/
Фото: МИА архива