ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со новите предлог кандидати за градоначалници најави дебакл на изборите
- СООПШТЕНИЕ: Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ Венко Флипче на која најави дел од новите кандидати за градоначаници.
Скопје, 2 јули 2025
СДС вечерва со новите предлог кандидати за градоначалници најави дебакл на изборите.
Кандидатите на СДС се луѓе кои немаат рејтинг во своите општини, луѓе на Заев луѓе кои се претходни градоначалници кои ги опустошиле општините или пак луѓе кои се поставени за Филипче и Заев да си ги задоволат своите блиски луѓе.
Еден од таквите е и новиот кандидат за Струмица, Марјан Даскаловски кој е многу близок човек на Заев и работи за неговите интереси. Даскаловски е човек кој заедно со Заев бркале и исклучувале од струја цели ромски семејства ако не гласале за нив!
Овие луѓе се синоним за неспособност, криминал и корупција.
Овие луѓе не се нови кадри, туку се стари и истрошени кандидати кои се верни на Заев и Филипче.
Овие луѓе не се иднината на општините. На локалните самоуправи им требаат чесни, работливи и искрени луѓе кои ќе работат за своите граѓани, а тоа не се овие кандидати на СДС.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: МИА архива