• понеделник, 23 декември 2024

Презентација за македонската пеперутка сивка во Природонаучен музеј

Презентација за македонската пеперутка сивка во Природонаучен музеј

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) - Институтот за комуникациски студии и редакцијата на „ДОМА“ денеска од 19 часот во Природонаучен Музеј на Македонија ќе одржат јавна презентација и предавање околу приказната за македонската пеперутка сивка, опасностите со кои се соочува како и за плановите за нејзината заштита. 

Македонската сивка, македонски стеноендемит кој единствено може да се сретне на сувите и карпести ридови на Плетвар претставува најреткиот и истовремено најзагрозениот вид пеперутка во Европа. 

Овој мал сив летач е соочен со многу предизвици и опасности од климатски промени, до уништување на неговото живеалиште и нелегална трговија.

Како што соопштуваат од ИКС, на предавањето ќе биде прикажан и истражувачкиот документарен филм „Природата на продажба“ кој беше изработен од ИКС во соработка со Дојче Веле. ар/дма/


Фото: Принтскрин „Природа на продажба“

Остани поврзан