• понеделник, 23 декември 2024

Предраг Лазаревски го фати крстот во реката Бошавица во Демир Капија 

Предраг Лазаревски го фати крстот во реката Бошавица во Демир Капија 

Демир Капија, 19 јануари 2024 (МИА) - Триесетина лица денеска се обидоа да го фатат светиот крст во реката Бошавица во Демир Капија, но најсреќен беше Предраг Лазаревски од Демир Капија.

- Денеска граѓаните од општина Демир Капија го прославија големиот христијански празник Богојавление - Водици. Како што е познато, на овој празник во водите на реката Јордан, бил крстен нашиот спасител Господ Исус Христос од Свети Јован Крстител. По тој повод, денеска претпладне верниците ја посетија црквата „Света Богородица“ во Демир Капија, за да присуствуваат на отслужувањето на светата божествената литургија, посветена на Синот божји и на Света Богородица, рече градоначалникот Лазар Петров. 

По литургијата, светиот крст беше положен во водите на реката Бошавица.  свд/бд/

Фото: Петре Пашоев 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан