Пратениците донесоа повеќе закони
- Собранието во рамки на 17. седница денеска без расправа донесе повеќе закони по скратена постапка. Седницата продолжи со Предлог на национална развојна стратегија 2024-2044 година, второ читање и Предлог на програма за спроведување на Националната развојна стратегија за периодот 2024 – 2028 година.
Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Собранието во рамки на 17. седница денеска без расправа донесе повеќе закони по скратена постапка. Седницата продолжи со Предлог на национална развојна стратегија 2024-2044 година, второ читање и Предлог на програма за спроведување на Националната развојна стратегија за периодот 2024 – 2028 година.
Донесени се измените на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, а на дневен ред се и измени на Законот за урбано зеленило, на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, на Законот за јавните патишта, на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, на Законот за поштенските услуги, на Законот за скијалишта, на Законот за домување, на Законот за автокампови, на Законот за градежно земјиште.
Пратениците ги изгласаа и измените и дополнувањата на Законот за градење, за измените на Законот за урбанистичко планирање, за изменување на Законот за воздухопловство, за измените и дополнувањата на Законот за внатрешната пловидба, за измените на Законот за сигурност во железничкиот систем, за измените на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, за измените на Законот за жичари и ски-лифтови, за измените на Законот за договорите за превоз во железничкиот сообраќај, за измени на Законот за градење. ев/аа/
ФОТО: Принтскрин